Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Национално истражување за навиките во исхрана на детската популација во Република Северна Македонија

18.02.2022
efsa

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Институтот за јавно здравје го спроведе проектот „Поддршка за национални истражувања во исхраната во сообразност со методологијата на ЕУ Мени (шеста поддршка) – Истражувања кај деца“. Истражувањето спроведено согласно европската методологија и прво од овој вид во Република Северна Македонија обезбеди база на точни и веродостојни податоци за навиките во исхраната на деца на возраст од една до девет години.

Проектот почна да се спроведува во декември 2016, а заврши во ноември 2021 година; теренската работа, односно главната фаза на проектот беше спроведена од октомври 2018 до септември 2019 година. Периодот на собирање податоци беше поделен на четири квартали, при што беа опфатени четири сезони (есен, зима, пролет и лето), со еднаква распределба на работните денови и деновите од викендот. Пред процесот на собирање податоци беше изведено и  Пилот истражување. Со главната фаза на истражувањето беа опфатени 1079 деца, и тоа 534 на возраст од 1 до 3 години и 545 деца на возраст од 3 до 9 години, при што вкупната стапка на одговор (Response Rate) изнесуваше 85%. Покрај основните податоци за навиките во исхраната, беа добиени и податоци за практиките за доење и дополнително хранење, алергии на храна, како  и консумирање на додатоци во исхраната. Исто така, беа направени и антропометриски мерења на телесната тежина и висина/должина на децата заради проценка на  моменталните антропометриски карактеристики на нутритивниот статус и трендовите на раст на децата. Собраните податоци беа обработени и кодирани согласно FoodEx2 класификацијата.

Со оглед на достапните податоци за навиките во исхраната на децата во Северна Македонија, како и алармантните трендови на обезност, ова истражување може да послужи како алатка за креаторите на политики и носителите на одлуки за усогласување на политиките за исхрана во земјата и спроведување корективни мерки во насока на менување на загрижувачките трендови. Покрај тоа, собраните податоци се предуслов за процесот на процена на ризик и управување со ризик во земјата. Понатаму, вклучувањето на базата на податоци од Северна Македонија во сеопфатната европска база на податоци на ЕФСА за консумацијата на храна (EFSA Comprehensive European Food Consumption Database) ќе обезбеди споредливи податоци од земјата заедно со другите европски земји и ќе го олесни процесот на усвојување на паневропски политики за исхрана долж процесот на апроксимација кон ЕУ.

Извештајот може да се преземе на следниот линк: 
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/sp.efsa.2022.EN-7169

Ознаки
Категорија