
Новиот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес оствари прва официјална средба со претседателот и претставници на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија. Потврдена беше заложбата за развивање и унапредување на долгогодишниот партнерски однос кој го имаат воспоставено Агенцијата и Комората, како основа за обезбедување на безбедна храна и развој на сточарството во земјава.
Разгледани беа активностите и динамиката со која ветеринарните друштва ќе треба да ги реализираат обврските согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните во 2021 година. На состанокот се дискутираше и за состојбата во сточарството, особено во делот на здравствената заштита и благосостојбата на животните, за што, заедничка беше констатацијата дека унапредување и на овој сегмент од ветеринарната дејност, е единствено можно со соработка на државните институции и бизнис заедницата од областа на ветеринарната медицина организирана во рамки на Ветеринарната комора.
Соработката, заклучено беше на крајот на средбата, претставува можност и за обезбедување на навремени и квалитетни услуги од страна на ветеринарните друштва.