Согласно член 12 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) направи ревизија на максимално дозволените нивоа на резидуи (МДН) кои во моментов се применливи на ниво на Европска унија за резидуи од активната супстанца pyroxsulam.
За да ја процени појавата на резидуи од pyroxsulam кај растенијата, преработените производи, ротационите култури и добитокот, ЕФСА ги зеде во предвид заклучоците дадени во рамки на Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 188/2011, како и на европските максимално дозволени нивоа на резидуи пријавени од земјите членки на ЕУ.
Врз основа на проценката на достапните податоци, донесени се предлози за максимално дозволените нивоа (МДН) и беше извршена проценка на ризик по однос на потрошувачите. Сите информации што ги бара регулаторната рамка беа достапни и не беше идентификуван ризик за потрошувачите.
Метаболизмот на pyroxsulam кај растенијата бил испитан кај примарни и ротациони култури. Според резултатите од студиите за метаболизам, дефиницијата на остатоци за спроведување и проценка на ризик може да се предложи како pyroxsulam, ограничена само на групата житни култури. Целосно валидирани аналитички методи се достапни за спроведување на предложената дефиниција за резидуи во сите главни матрици со LOQ од 0,01 мг / кг. Според EURL, LOQ од 0,01 мг / кг може да се постигне при рутински анализи.
Целиот текст на студијата може да се прочита на следниот линк:
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.2903/j.efsa.2020.6260