Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Комплетно чистење и дезинфекција пред повторно отворање на угостителските објекти

05.05.2020
Комплетно чистење и дезинфекција пред повторно отворање на угостителските објекти

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) бара од сопствениците на угостителски објекти пред најавата дека е можно од следната недела некои од нив да бидат отворени да спроведат дезинфекција и чистење на опремата и на површините за обработка на храна и да го дезинфицираат целиот објект.

Зоран Атанасов, директор на АХВ, на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет рече дека и забелешките од досегашните надзори што се направени од почетокот на вонредната состојба се однесуваат токму на лошите хигиенски услови – за чување на храната и на површините каде што се обработува, или на немањето сертификати кај вработените за безбедност во ракување со храна, како и за неспроведени санитарни прегледи.

Атанасов истакна дека овие забелешки не се однесуваат само на спречување на ширењето на коронавирусот, туку и воопшто за спречување на евентуално ширење на болести преку храната.

Во периодот од 27 април до 3 мај Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 154 надзори во повеќе градови и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари при што се изречени 5 казнени мерки поради немање обука за безбедност на храна и 12 решенија за лоша општа хигиенска состојба.
 

Ознаки
Категорија