Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Њукастелска болест кај живината

Њукастелската болест е високо контагиозна болест на домашните и дивите птици, со големо економско значење поради високата смртност и загуби во живинарството. Болеста ја предизвикува РНК вирус од фамилијата Paramyxoviridae, род Avulavirus (APMV-1).

 

Клиничка слика и инкубација

  • Период на инкубација е од 2 до 15 дена (најчесто 5-6 дена)
  • Симптомите зависат од сојот на вирусот, видот и возраста на птиците.
  • Најчести симптоми:
    • Ненадејни угинувања без претходни знаци,
    • Губење апетит, слабост, промени на пердуви, цијаноза на крестата и подбрадоците, пад на несивост,
    • Респираторни симптоми (отежнато дишење, слуз во клунот),
    • Сиво-зелен пролив,
    • Нервни симптоми (парализа, грчеви, атаксија, тортиколис).
  • Смртноста може да достигне и до 100%. Болеста се шири преку директен или индиректен контакт со болни или инфицирани птици, контаминирани предмети, простории и вода.

 

Ризици за луѓето

  • Луѓето ретко заболуваат, најчесто при директен контакт со заразени птици (симптоми: благ конјунктивитис или блага настинка). Не е докажано пренесување од човек на човек.

 

Контрола и превенција

  • Вакцинацијата е задолжителна за сите комерцијални и некомерцијални јата на живина, согласно упатството за вакцинација дадено од производителот на вакцината. Вакцинацијата се врши најмалку два пати годишно со одобрена вакцина за таа намена од страна на Агенција за храна и ветеринарство.
  • Спроведување на санитарни мерки: биосигурност, дезинфекција, контрола на движење, одделено одгледување по категории, забрана за влез на неовластени лица.
  • При сомнеж или појава на болеста, задолжително е веднаш да се пријави во Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Појава на Њукастелска болест

  • Во 2025 година има потврда на на болест во с. Прељубиште, општина Јегуновце, и во с. Герман, општина Ранковце.

За контрола на Њукастелска болест се применуваат одредбите од  Правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на Њукастелска болест (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/11)  [превземи тука]

На целата територија на државата потребно е да се почитуваат одредбите за контрола на Нукастелската болест дадени во  Годишната наредба за здравствена заштита на животните  за тековната година  [превземи тука]

Вакцинацијата, биосигурноста и навременото пријавување на сомнеж се клучни за спречување и контрола на болеста!

Пријавете сомнеж на болест до Агенцијата за храна и ветеринарство!

 

Решенија за мерки: 

  1. Решение за прогласување на Њукастелска болест, определување на заштитни зони и наредување на заштитни и контролни мерки бр. 02-2202/1 од 30.06.2025 год.
  2. Решение за прогласување на Њукастелска болест, определување на заштитни зони и наредување на заштитни и контролни мерки  бр. 10-1107/1 од 17.03.2025 год.