Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Нерегистрирани кучиња и кучиња скитници

Општината, општините во градот Скопје, односно градот Скопје, се надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.
Прифатилиштата треба да бидат регистрирани од Агенцијата за храна и ветеринарство.
При работата, прифатилиштата треба да ги исполнуваат одредбите наведени во членовите 5, 6, 7, 25 и 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните, како и одредбите наведени во правилникот за техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација.

Законот за заштита и благосостојба на животните може да го превземете тука
Правилникот за техничките услови за прифатилиштата може да го превземете тука