Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Мобилната апликација Органски пат претставена и пред АХВ

06.02.2017
Мобилната апликација Органски пат претставена и пред АХВ

Заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Фирус Мемед и претставници од Одделението за заштита на потрошувачите, денес одржаа работен состанок со првите луѓе на Организацијата на потрошувачи на Македонија, здружението на агроновинари на Република Северна Македонија Медиа плус и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит. Претставниците на невладиниот сектор го образложија проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“, што е финансиран од Европската унија, кој заедно го реализираат трите невладини организации.

Во негови рамки, објаснија тие, изработена е и мобилната апликација „Органски пат – побезбедна и одржлива храна за сите“ преку која може да се врши пребарување, контактирање и планирање на посета на производителите на органска храна во Република Северна Македонија. На апликацијата се лоцирани и ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна во своите понуди, а кои според оценката на реализаторите на проектот во земјава се уште се во мал број и на чиј развој, преку соработка на институциите и невладиниот сектор, активно треба да се работи во иднина.

Заменик директорот Мемед ја поздрави реализацијата на проектот и посочи дека Агенцијата за храна и ветеринарство останува отворена за соработка и институционална поддршка, во насока на интензивирање на активностите кои и досега ги има воспоставено со невладините организации. Стручни лица од Агенцијата ја објаснија постапката за контрола на органските производи во прометот и реализирањето на Програмата за мониторирање на безбедноста на храната која ги опфаќа и оваа категорија производи.

Категорија