Медицираната храна за животни може да се произведува единствено само од одобрени ветеринарно-медицински премикси кои се одобрени во согласност со прописите за ветеринарно-медицински препарати. Агенцијата за храна и ветеринарство може да одобри докторите по ветеринарна медицина согласно со прописите за ветеринарно медицински препарати, и под нивна одговорност и на ветеринарен рецепт, да препишат изработка на медицирана храна за животни од неколку одобрени медицирани премикси, при што треба да осигураат дека не содржи никакво специфично одобрено терапевтско средства во форма на премикс за болеста која треба да се третира или за дадениот вид животни.
Медицираната храна за животни може да се произведе само, доколку:
- производителот има простории кои се претходно одобрени од страна на Агенцијата, техничка опрема, и соодветени и адекватни објекти за складирање и преглед;
- во објектот за производство на медицирана храна за животни мора да има доволно персонал кој ги поседува вештините и квалификациите неопходни за производство на наведениот производ, а најмалку едно стручно лице треба да биде со завршен VII/1 степен стручна подготовка - Факултет за ветеринарна медицина и со работно искуство од најмалку три години во соодветната струка со соодветно знаење и квалификации во технологијата на производство на храна за животни;
- производителот е одговорен да обезбеди дека ќе се употребува само храна за животни или нејзини комбинации кои се сообразни со прописите за храна за животни, храната за животни која се употребува дава хомогена и стабилна мешавина со одобрени медицинирани премикси, одобрениот медициниран премикс се користи за време на процесот на производство во согласност со условите пропишани во одобрението за ставање во промет, а особено дека не постои можност за каква било непожелна интеракција меѓу ветеринарно-медицинските препарати, адитивите и храната за животни, медицираната храна за животни се чува за предвидениот период за чување и храната за животни која се користи за производство на медицираната храна за животни не содржи исти антибиотици или исти кокцидиостатици како оние кои се употребени како активна супстанција во медицираниот премикс и дневната доза на медицираните препарати е содржана во количината на храна за животни која кореспондира на најмалку половина од дневната порција на храна за животни или, во случај на преживари, кореспондира на најмалку половина од дневните потреби на неминералната дополнителна храна за животни;
- просториите и опремата кои се користат и учествуваат во целокупниот процес на производство се во согласност со правилата и принципите за хигиена при производство, а процесот на производство одговара на правилата за добра производствена пракса;
- произведената медицирана храна за животни подлежи на редовни прегледи - вклучувајќи ги и соодветните лабораториски тестирања за хомогеност - од страна на прозводствените објекти, под надзор и периодични прегледи од Агенцијата, за да се осигура дека медицираната храна за животни е во согласност со условите предвидени со овој закон, особено во поглед на нејзината хомогеност, стабилност и складирање;
- производителите водат дневна евиденција за видот и количината на одобрените медицирани премикси и употребената храна за животни и произведената медицирана храна за животни, задржана или испратена, заедно со имињата и адресите на сопствениците или одгледувачите на животни, име и адреса на одобрени дистрибутери и каде што е соодветно име и адреса на ветеринарниот лекар кој ја препишал медицираната храна за животни. Евиденцијата, која треба да одговара и на прописите за ветеринарно медицински препарати мора да се чува најмалку три години после датумот на последниот влез и мора да е достапна во секое време на Агенцијата во случај на контроли и премиксите и медицираната храна за животни се складираат во соодветни одвоени и безбедни простории или херметички затворени контејнери специјално дизајнирани за складирање на такви производи.
Агенцијата за храна и ветеринарство може да одобри производство на медицирана храна за животни на фармите под горенаведените услови. Медицираната храна за животни не смее да се испорачува до фармерите или одгледувачите на животни, освен доколку не поседуваат рецепт издаден од страна на ветеринарен лекар, кој има лиценца за работа. Медицираната храна за животни може да се набавува директно од фармерите или одгледувачите на животни единствено од страна на одобрени производители или дистрибутери.
Кога медицираната храна за животни се користи кај животни чии производи се користат во исхраната на луѓето, фармерите или одгледувачите на тие животни мора да обезбедат дека третираните животни не се заклани, односно нивните производи не се употребени пред истекот на периодот на каренца и дека производите добиени од третирани животни пред крајот на периодот за повлекување се отстрануваат на нештетен начин.
Закон за безбедност на храната за животни (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 145/10, 53/11, 1/12, 33/15, 149/15 и 53/16) [врска].
Правилник за услови за ставање во промет на медицинирана храна за животни, формата и содржината на ветеринарниот рецепт за медицирана храна за животни и начинот на негово издавање се пропишуваат услови за ставање во промет на медицинирана храна за животни, формата и содржината на ветеринарниот рецепт за медицирана храна за животни и начинот на негово издавање (Службен весник на Република Северна Македонија 7/2012) [врска].