Заради подобрување на обележувањето на суровините за храната за животни и крмните смеси и олеснување на процесот на размена на податоци кои се однесуваат на својствата на производот се користи Листата на суровини за храна за животни.
Операторите со храна за животни ја користат Листата на доброволна основа. Меѓутоа, името на суровината за храна за животни која се наоѓа на Листата може да се користи доколку е во согласност со описот даден во Листата.
Правилник за условите за ставање во промет на суровини за храна за животни, декларирањето и карактеристиките кои треба да бидат дадени на придружниот документ или на пакувањето како и листата на суровини на храна за животни (Службен весник на РМ бр. 18/14) [врска]