
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство се постојано на терен во поплавените региони. Покрај извлекувањето на домашните животни, донирањето на сточна храна за истите, извршени се и превентивни контроли, едукативни посети на на операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени на кои е укажано како да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред да се почне повторно со работа. Исконтролирани се 5 маркети, бурекџилници, магацин со пченица и 4 пункта за собирање на хуманитарна помош во село Стајковци каде не се евидентирани поголеми отстапувања, ниту со контролите е затекната небезбедна храна или храна со поминат рок.
Извршени се и контроли на 3 маркети и еден угостителски објект во село Црешево каде од страна на инспекциските служби на Агенцијата наредено е да се изврши итна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во село Инџиково направени се контроли на 5 маркети и таму не се евидентирани никакви проблеми.
Од страна на инспекторите за храна извршена е и контрола на 3 маркети во Сингелиќ кои се наоѓаат на патот селото Арачиново како и на еден погон за производство на сокови кој бил поплавен,а каде чистењето сеуште е во тек. Во маркетите во Сингелиќ наредено е да се изврши итна десинфекција, дезинсекција и дератизација.
Во рамки на вонредните контроли кои ги спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за операторите со храна од поплавените подрачја се контролираше и тоа дали истите продаваат и хуманитарна помош.
Со контролите не се евидентирани ваков тип на недоследности.