Со Законот за Идентификација и регистрација на животните ( Сл. Весник бр. 95/2012 и 27/14) се уредува системот за идентификација и регистрација на фармските и другите животни.
Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган ја воспоставува, имплементира и води Централната електронска база на податоци, во која се внесуваат податоци за регистрираните одгледувалишта, одгледувачите, животните на одгледувалиштата како и промените кои се случуваат на тие одгледувалишта.