Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Директорот Атанасов се обрати на свечената академија по повод 90 годинишнината од основањето на првата ветеринарна научна институција во Македонија

16.11.2017
Директорот Атанасов се обрати на свечената академија по повод 90 годинишнината од основањето на првата ветеринарна научна институција во Македонија

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вчера, се обрати на свечената академија која се одржа во рамки на одбележувањето на јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација во Македонија” на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Одбележувањето на јубилејот е по повод основањето на првата ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамки на Хигиенскиот завод во Скопје основан 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот институт кој, пак, од 2004 година работи во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.Во име на досегашната долгогодишна соработка на Агенцијата за храна и ветеринарство со оваа научна институција и посебниот интерес за унапредување на ветеринарството, Проф. Д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина, како знак на благодарност во унапредувањето на работата на Факултетот му додели плаката на директорот Атанасов.

АХВ-Деведесет години не се само обична бројка, туку јубилеј достоен за почит, зошто во него е вткаен трудот на плејада научни кадри кои во оваа научна институција, во изминативе децении, го вградија своето искуство и знаење. Исклучително горд сум што токму тие и нивните студенти биле и се наши колеги, соработници, стручни кадри со кои отвораме нови перспективи за развој на ветеринарството во Република Северна Македонија и безбедноста на храната во целина. Како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, исклучителна благодарност упатувам до Факултетот за ветеринарна медицина за досегашната плодна соработка со нашата институција. Убеден сум дека таа во иднина ќе биде уште поголема и поинтензивна, бидејќи тоа го носи современото живеење и новите, европски текови во науката и функционирањето на државните институции – рече директорот Атанасов во свеченото обраќање.

АХВТокму таа синергија на науката и праксата во интерес на сите граѓани на нашата држава, додаде тој, во изминативе години функционира и меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.
-Поради предизвикот да одговориме на современите барања на потрошувачите – како институција да бидеме гарант за безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните, со Факултетот заеднички активно работиме и преку Националниот совет за безбедност на храната, тело кое ја обединува и на научна основа ја интегрира науката и праксата и делува брзо и професионално тогаш кога е најпотребно. Токму затоа за нас претставува голема чест поттикот за продлабочување на соработката со сите научни институции, во интерес на унапредување на прашањата кои се однесуваат на безбедноста на храната, здравствената заштита на животните, заштитата и унапредувањето на правата на потрошувачите, со взаемна максимална посветеност во работата, во интерес на подигнување на повисоко ниво на заштитата на здравјето на македонските граѓани – истакна тој.
АХВПрвиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство изрази уверување дека со заложба на сите вклучени во секторот на производство на храна, со примена на науката, новите техники и технологии, ќе го унапредиме производството на храна и ќе го издигнеме на уште повисоко ниво, за да стане конкурентен сектор на домашниот и на странските пазари. Само на ваков начин, заклучи Атанансов, ќе го зголемиме и производството на храна и по квалитет и по квантитет.

Во претпладневната работна сесија на Факултетот, одржани беа предавања за современите трендови, предизвици и потреби во ветеринарната едукација и наука во Македонија, а на свечената академија се обратија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, деканот на Факултетот за ветринарна медицина Проф. д-р Лазо Пендовски и ректорот на УКИМ Проф. д-р Никола Јанкуловски. Во рамки на одблеежувањето на јубилејот, промовирана беше монографијата „90 години Ветеринарна наука и едукација“ од продеканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Тони Довенски.

Категорија