Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Николче Бабовски директор на АХВ 2020-2024

Директор Николче Бабовски

Николче Бабовски – Директор на Агенција за храна и ветеринарство 

Стапува на функцијата Директор на Агенција за храна и ветеринарство на 15.12.2020 година.
Роден во Битола на 14.11.1964 година.

 

Образование

1994 година дипломиран доктор по ветеринарна медицина на Белградскиот Универзитет,
2010 година Магистер по менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот за менаџмент и туризам во Скопје

 

Работно искуство

Од 02.08.2017 год. до15.12.2020 год. Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, 
2006 – 2017 год. професор по стручни предмети од областа на ветеринарната медицина, бизнис, агроменаџмент и претприемништво во СОЗУ “Кузман Шапкарев” во Битола,
2003 - 2006 Директор на ЈП “Агро берза”  - Скопје ,
1996 - 2003 професор по стручни предмети од областа на ветеринарната медицина во СОЗУ “Кузман Шапкарев” во Битола,

 

Професионално искуство

2017 година - стручен предавач на семинар организиран од Асоцијација на Ротари клубови на Македонија од областа “Односи со јавноста - Односите со јавноста кај NGO и политичките партии”,
2016-2017 година член на Сојузот на Ротари клубови на Македонија,
2016-2017 година претседател на Ротари клуб “Битола широк сокак”,
2015 година координатор на Ротари школата Молика “Претприемничкото лидерство” организирано од Ротари  клуб Битола Широк сокак,
2015 година ангажиран како експерт во програмите на UNDP за обука на земјоделците од областа “Бизнис - суштина,значење и менаџирање на агробизнисот”,
2015 година ангажиран како експерт во програмите на UNDP за обука на земјоделците од областа “Форми на соработка и здружување”,
2015 година учество на Yes network project – work based learning организиран од USAID/Macedonia,
2014 година објавен научен труд “Потреби и можности за трансформациско лидерство во компании”,
2014 година ментор на Најдобриот бизнис план на проектот Yes организиран од USAID/Macedonia,
2014 година координатор, предавач и учесник во Втората Ротари школа за млади општествени лидери организирана од Ротари клуб Битола Широк сокак,
2013 година успешно завршена обука за Ученичко претприемништво на проектот Yes организиран од USAID/Macedonia,
2013 година активно учество на Втората меѓународна конференција организирана од БАС Битола,
2013 година објавен научен труд “Истражување кај менаџери за потреба и можности од примена на трансформациско лидерство”,
2012 година активно учествува на Првата меѓународна конференција организирана од БАС Битола,
2012 година објавен научен труд “Истражување кај вработени за потреба од трансформациско лидерство”,
2012 година организирање и менторство на регионален натпревар по Бизнис,
2012 година активно учество на третата методичка работилиница “Стратегија на учење со студии на случај” организирано од БАС Битола,
2012 година учество на проектот YES организиран од USAID/Macedonia,
2011 година активно учество на втората методичка работилница “Бизнис игри и симулации” организирана од БАС Битола,
2011 година активно учество на дијагностичко - концепциска работилница ”Искуственото учење и вработливоста” организирана од БАС Битола

 

Зборува англиски, влашки, грчки, романски, српски и други балкански јазици.