По објавено видео на социјални мрежи на кое се гледа како неколку лица мачат животно- коњ како и по иницијативи од граѓани и невладини организации, по обезбедување идентификација за лицето сопственик на животното од Одделот за криминалистика при Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе инспекциски надзор кај идентификуваното лице.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава (10 - 12.02.2025 година), на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети.