Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ноември 2024

Директорот на АХВ бара да се донесат измените и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните

29.11.2024
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов денеска изјави дека ќе инстистира да се донесат измените и дополнувањата на Законот за заштита и благосостојба на животните, а фокусот ќе биде ставен на воспоставување, контрола и регистрација на размножувањето на кучињата миленици, како еден од главните фактори за настанување на бездомни кучиња.

Анализа на водата за пиење во однос на микробиолошки, хемиски контаминенти и физичка неисправност (2017 и 2018)

Оваа анализа се однесува за периодот 2017 и 2018 година, за лабораториски резултати за здравствена безбедност на водата за пиење во однос на микробиолошки, хемиски контааминенти и физичка неисправност во Р.Северна Македонија во согласност со насоките на претпоставените и расположливоста на резултатите од базата во анализираниот период.

АХВ со поддршка на глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците

22.11.2024
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  и оваа година од  18 до 24 ноември ја поддржа глобалната иницијатива за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day)

Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

21.11.2024
Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата на пестицидите, на ветеринарно -медицинските препарати, вклучително и на антибиотиците во ветеринарната медицина, како и нивната примена во хуманата медицина се прашања кон кои попосветено треба да се посветиме и во идниот период.

Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид

20.11.2024
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) , при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна

Спречен нелегален транспорт на телиња

18.11.2024
Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните

Вчера спроведени вонредни инспекциски контроли во Крива Паланка

13.11.2024
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни  контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени педесеттина килограми небезбедна храна. 

Да се пријавува угинување само на водни видови птици за сомнеж за птичји грип

08.11.2024
Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше  потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично ( во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на  info@fva.gov.mk), или ветеринарните друштва.

Risk Assessment: Aflatoxins in Food (IPA Project Activity: ADC-FSS, Component 4) - институционално зајакнување на проценката на ризик

Овој научно-базиран документ  " Проценка на ризик oд афлатоксини во храна" или во оригинал, на англиски јазик - " Risk Assessment: Аflatoxins in Food (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4- Risk Assessment) наменет и прикажан на телеконференција и состанок во просториите на АХВ, пред колеги и италијански експерти во рамките на завршена ИПА Проектна активност, (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) -  за и