Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Август 2024
Вонредните контроли на АХВ продолжуваат и во главниот град
По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов во тек е спроведување на вонредни контроли во угостителските објекти во целата земја
Се подобрува капацитетот на АХВ за контрола на болести кај животните
Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности
Одржан стручен состанок за превенција од појава на болеста Чума кај малите преживари
Координирана акција во однос на воспоставување на мерки за спречување на појава и ширење на болеста Чума кај малите преживари, размена на информации и планирање на активностите преку интерактивно поврзување на сите чинители, почнувајќи од примарните производители, ветеринарните друштва, науката и институциите на системот, се клуч за успешна превенција и заштита од појава на оваа, за овците и козите исклучително опасна заразна болест
Здравствена проценка на ризик по човекото здравје од хронична диететска експозиција на акриламид преку храна со фокус на најчестите малигни заболувања поврзани со овој хемиски контаминент од аспект на хуманата интерна медицина – ревијален труд
Во овој ревијален труд: "Здравствена проценка на ризик по човекото здравје од хронична диететска експозиција на акриламид преку храна со фокус на најчестите малигни заболувања поврзани со овој хемиски контаминент од аспект на хуманата интерна медицина", направена е идентификација на опасноста - хемискиот контаминент, акриламид, карактеризација на опасноста, диететска експозициона статистика (проценка на експозиција) со податоци од ЕФСА и од Кипар со помош на статистичкиот софтвер IMPRORisk за калкулација на диететска експозиција на хемиски контаминенти.
АХВ донесе Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај малите преживари
Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради неповолната епидемиолошка состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест.