Досега регистрирани вкупно шест случаи на африканска свинска чума
Од 6 јануари годинава кога во делчевското село Драмче прв пат беше регистрирана појава на африканска свинска чума во земјава, до вчера се констатирани нови случаи и во Моштица, Мојанци, Пресека, Тркање и Виничка Кршла, соопшти денешната прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.