Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Николче Бабовски, денес во Битола оствари два работни состаноци
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Николче Бабовски, денес во Битола оствари два работни состаноци и тоа со деканот на ветеринарниот факултет во Битола, проф. д-р Никола Караболовски, и со директорот на средното земјоделско училиште, г-дин Благојче Кривевски.
Во рамките на овие две посети, г-дин Бабовски со своите домаќни разговараше за капацитетите на двете образовни институции и беа разменети искуства од областа на образованието и земјоделството.