Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

AХВ спроведува засилени инспекциски контроли во месарниците

23.02.2018
AХВ спроведува засилени инспекциски контроли во месарниците

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведува засилени инспекциски контроли во месарниците во земјава. Од декември досега, официјалните инспектори ги исконтролираа условите за производство, чување и трговија со месо и производи и подготовки од месо во 398 месарници.
Со контролите констатирани се недоследности кои се однесуваат на нехигиена во објектите, неспроведени мерки за дезинфекција и дезинсекција, неправилно декларирање на месото, непоседување на комерцијален документ за пратка месо. Со контролите утврдено е и дека некои од операторите немале План за вршење на микробиолошки анализи на производите и подготовките од месо, а утврдено е и дека еден оператор со храна вршел дејност во нерегистриран објект од Агенцијата за храна и ветеринарство.

За констатираните недоследности кај операторите со храна кај кои се спроведени контролите, донесени се 25 решенија за отстранување на недостатоците, спроведени се 9 едукации и изречени 11 парични казни во висина од 3 до 5 илјади евра во денарска противвредност.

Како небезбедени поништени се 414 килограми производи од животинско потекло кои биле произведени во несоодветни услови, односно, во неодобрен објект од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Засилените инспекциски контроли на месарниците, официјалните ветеринари ќе продолжат да ги спроведуваат и во наредниов период и тоа на цела територија на Република Северна Македонија.

Категорија