Агенцијата за храна и ветеринарство реализираше едукативна работилница за безбедноста на храната со учениците од државното средното училиште „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје, со цел подигнување на свеста кај младите за безбедноста на храната, одговорното купување преку интернет и препознавањето на дезинформации и манипулативни реклами.

Посебен акцент беше ставен на ризиците поврзани со употребата на додатоци во исхраната, спортска храна, енергетски пијалаци и производи за слабеење, како и на важноста од правилно читање на декларациите и проверка на информациите за производите.
Учениците беа запознаени и со своите потрошувачки права и начините за пријавување сомнителни и потенцијално небезбедни прехранбени производи.
Преку ваквите активности, АХВ продолжува да ја зајакнува информираноста на младите и да поттикнува одговорни навики за избор и консумирање безбедна храна. Работилницата ја одржаа државните советници на АХВ, Радмила Николовска и Светлана Колариќ, како и в.д. раководителот на Сектор за храна од неживотинско потекло Жанета Миоска и раководителот на Одделение за управување со ризик Никола Савовски.