Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици.
Особено внимание треба да се посвети доколку се забележи поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период.
Граѓаните кои ќе забележат ваква невообичаена појава се повикуваат да ја известат надлежната служба и да избегнуваат директен контакт, допирање или преместување на угинатите птици.
Агенцијата континуирано ја следи состојбата и согласно проценката на ризикот, ги презема потребните мерки за надзор, земање примероци и лабораториско испитување.