Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Забранета за пиење водата од гостиварскиот водовод

17.07.2026
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата  е загадена и небезбедна за употреба. По добиено известување од Јавен обвинител од ОЈО Гостивар  за спроведување на вонреден инспекциски надзор  на пречистителна станица за вода во село Вруток, Општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен систем, добиени поплаки од граѓани до ОЈО Гостивар и пријава од МВР Гостивар во однос на безбедноста и квалитетот на водата за пиење, инспекциски служби на АХВ, со претставници на Министерството за животна средина, ОЈО Гостивар и крим  техника - МВР Гостивар, вчера вечер  спроведоа вонреден инспекциски надзор.

Со надзорот  утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од страна на стручни лица на Институтот за јавно здравје кои биле присутни на надзорот, земени се мостри од водата за лабораториско тестирање со цел утврдување на нејзината безбедност. За да се спречи поголема опасност  за населението од овој регион, АХВ издаде време забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораторското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност.

 

Ознаки
Категорија