Безбедната храна е основа за здравјето, благосостојбата и одржливиот развој. Секој учесник во синџирот на храна – од производителите и преработувачите, до надлежните институции и потрошувачите – има важна улога во обезбедувањето храната да биде безбедна од нива до трпеза.
По повод Светскиот ден за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврдува својата посветеност кон заштитата на јавното здравје преку ефикасни контроли на храната, одлуки засновани на наука и континуирана соработка со сите партнери во секторот за храна.
Безбедна храна денес, за здраво утре.
Заедно да ја зајакнеме свеста за безбедноста на храната и да ја направиме безбедноста на храната одговорност на сите.