Во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство беше одржан состанок на експертската група заради утврдување и справување со епидемиолошката состојба со болеста сипаници кај овци и кози и чума кај мали преживари на територијата на Република Северна Македонија и спроведување на мерки за сузбивање и искоренување на болестите.
Експертската група беше запозната со моменталната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овци и кози. Членовите на експертската група дадоа стручна, научна помош и совети и упатства за изготвување, ревидирање и спроведување на мерките по потврдата на болеста во с. Лопате, о. Куманово. Дополнително, дадоа совети за можните правци за ширењето на болеста и коментари на мерките кои треба да се превземат за да се ограничи ширењето на болеста.
Експертите заклучија дека сите превземени мерки се во согласност со важечките пропис во Македонија и ЕУ прописите во однос на контролните и заштитни мерки за појава на болеста сипаници кај овци и кози.