Ветеринарниот тим за итни случаи (EUVET)составен одекспертитеTsviatko Alexandrov од областа на ветеринарнитенауки и Dr. Ir. Nick De Reggeод областа на ветеринарните науки, вирусологијата илабораторискитетестирања од Одделот за заразни болести кај животните - Егзотични и вектор преносливи болести (EXOVEC), Скиенсано и Националната референтна лаборатории на ЕУ за вирусите Capripox од Белгија беа во посета на Агенцијата и на терен во однос на превземените мерки за болеста сипаници кај овци и кози.
Во Агенцијата беше презентирана моменталната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овци и кози, превземените контролни и заштитни мерки од страна на Агенцијата, како и понатамошните мерки кои ќе бидат превземени од страна на Агецијата.

При посетата на с. Лопате, општина Куманово експертите разговараа со населението во однос на појавата на болеста, при што констатираа дека сите превземени мерки се согласно важечките ЕУ прописи.
Од страна на експерите беа потврдени превземените контролни и заштитни мерки во однос на болеста сипаници кај овци и кози, начинот на кој се справува Агенцијата за храна и ветеринарство, како и препораки со цел подобрување на состојбата и спречување на ширење или појава на нови жаришта на болеста. Експертите поврдија дека превземените мерки се со согласност со мерките дадени во Европското законодавство и меѓународните стандарди