Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Демант на Прилог на КАНАЛ 5 ТВ - Појавата на болеста овчи сипаници во Лопате засега успешно е сузбиена и се држи под контрола

11.02.2026
Насловна слика

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира граѓаните на Македонија дека Агенцијата за храна и ветеринарство како сериозна државна институција која е надлежна за здравствената заштита и благосостојба на животните, по добивањето на позитивен резултат за присуство на болеста сипаници кај овци и кози на ден 27.01.2026 година веднаш го пријави случајот од листата А болести на Европската Унија до Информациониот систем на болести кај животните (ADIS) и WAHIS системот на Светската организација за здравје на животните (WOAH), во кој јасно се наведени заштитните и контролните мерки кои треба да се превземат од страна на Агенцијата. Со цел да се подигне јавната свест на сите засегнати страни, Агенцијата преку ветеринарните друштва и Ветеринарната комора го достави Решението за контрола на болеста во регионот на Лопате, односно во заштитната зона од 3 километри и зоната под надзор од 10 киломентри околу одгледувалиштата со цел навремено информирање на сточарите во однос на појавата на болеста. Дополнително, на ден 30.01.2026 и 02.02.2026 година беа потврдени резултатите за присуство на болеста на уште 2 одгледувалишта на овци во населено место Лопате, општина Липково, при што нештетно се уништени и закопани сите заболени животните од наведените одгледувалишта. До сега официјално забрана за увоз и транзит на живи животни од видовите овци и кози, како и на герминативни производи, кожи, крзно, волна и влакна од овци и кози, со потекло од целата територија на Македонија имаме добиено само од Албанија, но забраната не се однесува на производи од животинско потекло – извоз и транзит на територијата на Албанија, при што воопшто не е доведено  во прашање извозот на јагнешко месо и производи од месо во Европската Унија и регионот. Во регионот болеста е присутна на територијата на Грција со 1532 жаришта на болеста, во Бугарија 129 жаришта на болеста, во Србија со 3 жаришта. Докторите по ветеринарна медицина максимално професионално се справуваат со болеста на терен, при што во најкраток можен рок се постапи во сите одгледувалишта во опфатената заштитна зона согласно Решението на директорот. Од тие причини, Агенцијата ја забрани работата на сите добиточни пазари за сите приемчиви животни, одржување на изложби или друг вид на спортски настани на целата територијата на Македонија, освен доколку истите се движат кон одобрен објект и оператор со храна – кланица за домашни чапункари. Суровото млеко добиено од животните и производите добиени од тоа млеко може да се стават во промет по термички третман/пастеризација на 72°C во времетрање од 15 минути на одгледувалиштето или во одобрен објект и оператор со храна од животинско потекло – сурово млеко и производи од млеко во зоната под надзор, што опфаќа територија околу позитивното одгледувалиште од 10 километри. Суровото млеко и производи од млеко надвор од рестриктивните зони може да се употребува.

Не е точна констатацијата дека „вистинската слика ќе се знае дури по 42 дена откако ќе изминат два инфективни циклуси“, од причина што во стандардот за копнени животни на Светската организација за здравје на животните (WOAH) и Европската легислатива, наведено е дека инкубациониот период на болеста е 21 ден од денот кога здравите животни ќе дојдат во контакт со заразено животно.

Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за одредување на цената на јагнешкото месо, туку за олеснување на извозот на истото преку потврдување на здравствениот статус на животните со издавање на ветеринарно – здравствен сертификат.

Во однос на исплатата на заостани обврски за ветеринарните друштва, Агенцијата посветено работи на исплата на заостанатите обврски и превземање на активности согласно одобрените финансиски средства од Буџетот на РСМ и средства од самофинансирање со цел навремено спроведување на сите активности, вклучително и активностите кои не се предвидени со истото, како што се болестите сипаници кај овци и кози, чума кај мали преживари па и други новопојавени болести кои не се предвидени со Програмата за здравствена заштита и Годишната наредба за здравствена заштита.

 

Линк за решенија:

 https://fva.gov.mk/mk/node/2617

 

Пријава WOAH:

https://wahis.woah.org/#/in-review/7232?fromPage=event-dashboard-url

Категорија