Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, денес во Гевгелија ја одржаа еднодневната специјализирана обука за подигнување на свеста за африканската чума кај свињите. Денешната обука е осма по ред и последна за годинава, а наменета е за одгледувачите на животни, ловците, надлежните доктори по ветеринарна медицина и официјалните ветеринари.
На обуката акцент беше ставен на класичната чума кај свињите, беснилото и авијарната инфлуенца. Целта е на интерактивен начин обучувачите да се запознаат со ризиците, начините на ширење на болестите и мерките за превенција и биосигурност.

Обуката е дел од кампањата на АХВ за информирање на јавноста за справување со ризиците од овие болести кај животните и во нејзини рамки со кофинансирање од Европската извршна агенција за здравје и дигитализација (HaDEA) пподотвени се и едукативни материјали (постери, флаери и брошури) за одгледувачите, ловците, ветеринарите и за пошироката јавност.
Досега на обуките учествувале 280 одгледувачи, ловџии и ветеринари. АХВ ќе продолжи со одржување на обуки и во 2026 година.