Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Инспекциките контроли ја потврдија безбедноста на кујната во интернатот “Здравко Цветковски”

28.11.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги демантира изнесените наводи објавени во неколку интернет портали дека учениците сместени во средношколскиот интернат “Здравко Цветковски” во Скопје, се хранат со оброци во кои има бубашваби. 

И при последената инспекциски контрола  спроведена на 19.11.2025 година врз основа на поднесена иницијатива од граѓанин за спроведување на вонреден инспекциски надзор,  не се констатирани недоследности, односно, во кујната на интернатот хигиенско – санитарната состојба била добра и не биле затекнати инсекти во објектот како што било наведено во  иницијативата. 

Со надзорот спроведен овој месец, утврдено е и дека вработените имаат уредни санитарни книшки и соодветно се спроведени мерки за дератизација, дезинцекција и дезинфекција. Оператотот со храна води уредни записи за слеливост на храната, соодветно чува контролни оброци и самоиницијативно врши лабораториски анализи за микробиолошко тестирање на храна, работни површини и опрема за работа со кои пред инспекциските служби ја потврдува безбедноста.
 

Ознаки
Категорија