Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Превентивни вонредни контроли се спроведуваат и во кујните на 9 училишта во Општина Карпош

27.11.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна. 

Во рамки на превентивните вонредни контроли во овие училишта, каде нема деца кои појавиле симптоми  на труење со храна, се земаат мостри од храна и од работните површини за лабараториско тестирање. 

АХВ ги чека резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот здравствен и санитеран инспекторат и Ценатрот и Институтот за јавно здравје. 
 

Ознаки
Категорија