Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит

23.11.2025
 АХВ  спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), спречија увоз на 20.500 килограми замрзнат компир – помфрит, со поминат рок на употреба (23.05.2025 година). Компирот, увоз од Холандија, бил наменет за продажба на македонскиот пазар.

Забранетите количини замрзнат компир, во присуство на инсепктори за храна од Агенцијата, нештетно се уништени  во петокот на депонијата Дрисла, врз основа на изречената мерка забрана за увоз и издаденото решение со наредба за нештетно уништување.

Во рамки на вонреден инспекциски надзор кај оператор со храна од животинско потекло, АХВ  заплени и нештетно уништи и 2.000 килограми небезбеден пилешки стек.

 

1

 

Поради  непочитување на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, на операторот со храна изречена му е мерка времена забрана за работа и парична казна од 4.400 евра во денарска противвредност.

Во раки на редовните и вонредните инспекциски контроли на официјалните ветеринари и инспекторите за храна, АХВ продолжува со спроведување на мерки за заштита на граѓаните од консумирање на небезбедна храна со тоа и за заштита на нивното здравје,  и за заштита на здравјето и благосостојбата на животните.

 

2

 

3

 

Ознаки
Категорија