Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Одржана едукативна работилница со тетовските средношколци во РЦСОО „Моша Пијаде“ – Тетово

18.11.2025
едукативна работилница со тетовските средношколци

РЦСОО „Моша Пијаде “ Тетово  вчера беше домаќин на работилница за подигнување на свеста кај средношколците за консумација на енергетски пијалоци, забраната за употреба до 18 годишна возраст, неконтролирана употреба на храна за спортисти, електронска трговија на храна, забрана за употреба, заблуда на потрошувачи. Овие работилници се дел од Програмата за заштита на потрошувачи креирани од страна на АХВ а одобрена од Влада на Р Македонија. Стручни лица од АХВ во состав Светлана Колариќ државен советник за храна, Жанета Мијоска вд раководител на Сектор за храна од неживотинско потекло и Никола Савовски вд Раководител на Сектор за проценка и комуникација за ризик, побудија интерес кај учениците и отворена дискусија за лесна достапност, масовна потрошувачка, масовна консумација како замена за сокови и понуда за мешање со алкохол. Всушност се потврди фактот дека изминатите 10 години има значително зголемување на увоз и потрошувачката на енергетските пијалоци во државата и масовна употрба од страна на  младите лица под 18 години. 

Енергетски пијалoци се пијалоци кои содржат различни количини на кофеин, таурин, гуарана, амино киселини, витамини и шеќер кај младите се промовираат, дека се корисни во зголемување на издржливоста и подобрување на физичките перформанси и концентрацијата, но зад сето ова стојат научни истражувања и правила кои велат дека овие пијалоци се забранети за консумација кај деца до 18 години, бремени жени и доилки.

 

1

 

Енергетските пијалоци содржат мешавина од:

  • Кофеин – стимулант кој делува на централниот нервен систем, за да се забрзаат пораките до и од мозокот. Кофеинот е главната активна состојка во енергетски пијалаци.
  • Гуарана – од растение кое содржи околу двапати повеќе од износот на кофеин во кафе.
  • Теобромин – од растението какао .Тоа има сличен ефект на кофеинот и се наоѓа во чоколадо и многу други јадења.
  • Теофилин – лек кој се користи за лекување на респираторни заболувања и астма, се продаваат под различни имиња на марки. Тоа е структурно слично на кофеинот. Тоа  исто така природно се наоѓа во чајот во многу мали количини.
  • Таурин – природно се појавува во храна, особено во морска храна и месо, а се неопходни за нормално функционирање на скелетните мускули.
  • Женшен – супстанца која доаѓа од различни растенија и се верува дека има лековити својства.

Краткорочни ефекти од консумирање на енергетските пијалоци:

  • Будни и активни.
  • Треба да уринираат почесто.
  • Пораст на температурата на телото.
  • Зголемување на срцевата работа.
  • Стимулација на мозокот и нервниот систем

Можни негативни ефекти:

  • несоница
  • нервоза
  • главоболки
  • гадење
  • повраќање
  • брзо отчукувањата на срцето. Во краен случај и смрт.

АХВ како надлежна институција за превенција на здравјето на луѓето и можни опасности во храна кои предизвикуваат негативни влијанија кај различни категории на потрошувачи продолжува со својата мисија за подигнување на свеста кај потрошувачите со акцент на младата популација до 18 годишна возраст.

Ознаки
Категорија