
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство д-р Оливер Миланов, како дел од делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски ја посети локацијата каде што се гради првиот логистички центар на Лидл Македонија во Куманово, инвестиција која влегува во завршна фаза.
Ова не е само значаен економски проект, туку и пример за тоа како соработка, визија и истрајност носат резултати.
Станува збор за инвестиција вредна 115 милиони евра која ќе отвори 230 нови работни места, како и многу можности за домашните компании и земјоделци да станат дел од синџирот на Лидл.

Лидл веќе соработува со над 75 локални производители, а со секое ново продажно место оваа бројка ќе продолжи да расте.

Проекти како овој не само што носат развој, туку и ја потврдуваат улогата на институциите како вистински партнери во поддршка на инвестициите.
