Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ дигитализираше 23 услуги за стопанството и граѓаните

20.12.2024
АХВ дигитализираше 23 услуги за стопанството и граѓаните.

 “Дигитализацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е процес што го означува почетокот на новата ера во унапредувањето на работењето на институцијата, зголемена транспарентност и подобра ефикасност. 

Во светот во кој живееме, технологијата станува незаменлив дел од секој аспект на нашето секојдневие. Преку дигитализацијата, ја прифаќаме таа реалност, овозможувајќи побрз, поедноставен и поефикасен пристап до услугите што ги нуди нашата Агенција. Наместо долги редици и чекање, сега барањата, освен во хартиена форма, преку архивата, ќе може да се поднесуваат online, преку Националниот портал за е-услуги, преку кој во електронска форма ќе се добиваат и излезните документи за многу пократок период”. Ова, во денешното обраќање на конференцијата  “Национален портал за електронски услуги: нов изглед, нови електронски услуги” го истакна директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, потенцирајќи дека  со дигитализацијата, секој чекор од процесите на водење на управната постапка во Агенцијата е видлив и следлив, а тоа значи поголема доверба и сигурност за сите засегнати страни. 
Конференцијата  на која беше промовиран новиот изглед на порталот и новите услуги на неколку институции беше во организација на Министерството за дигитална трансформација. 

 

1

 

-Новиот Услуги.гов.мк е целосно трансформиран за да одговори на потребите на граѓаните. Се водевме од принципите на достапност, ефикасност и транспарентност. Централно е поставен новиот и подобрен пребарувач каде сите услуги се на еден клик. Тој е интинуативен и е базиран на најновите трендови, а ќе им овозможи на оние кои прв пат се среќаваат со порталот на најлесен можен начин да стигнат до бараната услуга. Новиот портал содржи специјални функции за лица со попреченост. На овој начин, сакаме да гарантираме дека услугите се достапни за сите граѓани – истакна на промоцијата на новиот портал министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

За граѓаните кои помалку се  снаоѓаат со новите технологии, како што појасни мистерот формиран е кол-центар со шест оператори кои сега ќе може да користат околу 100 дигитализирани услуги.

-Намален е административниот товар за вработените во министерствата, но и за граѓаните. Тоа е зголемена транспарентност и ефикасност, но и намалени можности за корупција, посочи Андоновски.

 

2

 

Дигитализацијата не е само тренд, таа е потреба, истакна во обраќањето  директорот на АХВ Миланов кој рече дека визија на Агенцијата е да создаде систем што ќе ги поедностави процедурите и ќе ги минимизира административните бариери.

-Дигитализацијата во АХВ ќе овозможува побрзо одобрување на барањата и издавање на документи, штедејќи време и ресурси за сите. Со дигитализацијата, ја поставуваме Агенцијата за храна и ветеринарство во чекор со современите начини на работа, обезбедувајќи услуги кои се брзи, сигурни и ефикасни – истакна тој. 

За него, дигитализацијата е заедничка иднина за модерна, транспарентна и ориентирана Агенција за храна и ветеринарство кон потребите на граѓаните и стопанството.

 -За да стартуваме со дигитализацијата, направивме анализа за кои услуги имаме најмногу барања, направивме промени во подзаконската легислатива, дизајниравме софтвер преку кој електронски ќе ги работиме постапките и го поврзавме со Националниот портал за е-услуги, се приклучивме на платформата за интероперабилност и создадовме можност електронски да се аплицира од било кој град во државата – објасни тој, додавајќи дека во иднина, Агенцијата планира да ги дигитализира и другите управни постапки со што ќе се постигне зацртаната цел целосна дигитална трансформација на АХВ.

 

3

 

Преку Националниот портал за е-услуги  дигитализирани се 23 услуги на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Покрај министерот Андоновски и директорот на АХВ Миланов, на конференцијата учествуваа  и високи претставници од други институции кои говореа за унапредувањето на е – услугите во нивните ресори.
 

Ознаки
Категорија