Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Во Штип се одржа трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари

24.10.2024
Во Штип се одржа трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари

Членовите на Локалниот центар за контрола на болести, официјални ветеринари и претставници на институции со кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соработува во услови на криза, денес во Штип, беа дел од учесниците на првата од серијалот трибини за превенција на болеста чума кај малите преживари, кои ги организира АХВ во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

 

-Сточарите кои се во непосредна близина со границата со Грција каде болеста е присутна, ќе бидат посетени од страна на официјалните ветеринари во наредниот период. Се преземаат сите неопходни мерки да не дојде до појава на оваа болест кај овците и козите кај нас. Според официјалните податоци на Агенцијата, во нашата држава има околу 500 илјади мали преживари и доколку се појави болеста чума кај овците и козите, штетите за сточарите и за државата ќе бидат големи, бидејќи една овца има економска вредност од околу 150 евра

– изјави за медиумите Симо Костов, раководител на Раководител во одделение за државна инспекција за здравствена заштита на животните во Агенцијата.

 

1

 

Тој информираше дека се поделени флаери со основните симптоми за болеста чума кај малите преживари за нивно полесно препознавање. Во пограничните места со Грција формирана е и високо ризична зона. 

-АХВ  ги презема сите превентивни мерки за да не се прошири оваа болест кај овците и козите во нашата земја, која освен во соседна Грција ја има и во Романија

– рече тој. 

На трибината презентирана беше моменталната состојба со болеста во земјава, соседството, во Европа и во светски рамки, мерките кои се преземаат за спречување на нејзина појава и ширење, како и состојбата и капацитетноста на лабораториите за испитување на мостри за детектирање на болеста чума кај малите преживари.

По Штип, утре трибина ќе се одржи и во Скопје. Наредната недела, во среда, планирано е одржување на трибина за превенција на болеста чума кај малите преживари во Прилеп.
 

Ознаки
Категорија