Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Вонредни контроли и во Куманово

18.10.2024
Агенција за храна и ветеринарство

Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ)  во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети. 

За утврдените недоследности - продажба на замрзната чорба, ставање во промет на замрзнати подготвени подготовки од месо ( плескавици, ражнич), продажба на месо и подготовки од месо без декларација, како и за измината важност на санитарни книшки на вработени кај оператори со храна и непоседување на комплетна документација,  изречени се мерки опомена и парични казни во висина од  100 до 1000 евра во денарска противвредност, зависно од тежината на прекршокот и големината на операторот со храна.   
    
Со инспекциски надзори во овој град опфатени беа и два големи супермаркети кај кои не беа утврдени неусогласености со прописите од областа на безбедноста на храната. 
 

Ознаки
Категорија