Би сакале да ве информираме дека Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со EFSA ги продолжува активностите на Safe2Eat кампањата за 2024 година, во различни тематски области.
Во делот на Храната и твоето здравје, се обрнува внимание на начинот на исхрана кој го практикуваме и како истата делува на целокупното здравје. За повеќето од нас разновидноста на тоа што го јадеме– со користење голема количина свежи состојки покрај преработената храна, како и различни начини на готвење– помага да ја ставиме во рамнотежа нашата исхрана и да придонесеме за нашето здравје и благосостојба. Определена храна има здравствени или нутритивни придобивки што повеќе ги сакаме или ни се потребни во исхраната. Во Европа може да купиш храна што ги има тие придобивки, знаејќи дека научниците ги проверуваат доказите што ги доставуваат производителите за да ги поддржат тие тврдења.
Лекарите, нутриционистите и диететичарите им даваат соодветни совети на лицата што имаат посебни потреби, поддржани од научно засновани национални насоки за исхрана имајќи ги предвид културните разлики во секоја земја. Што се однесува до лицата чија исхрана не ги обезбедува сите потребни хранливи состојки, со додатоците во исхраната– што, исто така, се предмет на научна процена поради безбедност– може да се заокружи нивната исхрана, но тие треба да се земаат по совет од стручни лица.
Повеќе информации може да најдте на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/food-and-your-health
Темата „ Храната и твоето здравје “ дава разјаснувања во делот на:
- Додатоци во исхраната - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/food-supplements
- Здравствени тврдења - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/health-claims
- Вашите потреби во исхраната - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/your-nutrition-needs