Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Храната и твоето здравје - продолжување на кампањата Safe2Eat

07.08.2024
Храната и твоето здравје - продолжување на кампањата Safe2Eat

Би сакале да ве информираме дека Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со EFSA ги продолжува активностите на Safe2Eat кампањата за 2024 година, во различни тематски области.

Во делот на Храната и твоето здравје, се обрнува внимание на начинот на исхрана кој го практикуваме и како истата делува на целокупното здравје. За повеќето од нас разновидноста на тоа што го јадеме– со користење голема количина свежи состојки покрај преработената храна, како и различни начини на готвење– помага да ја ставиме во рамнотежа нашата исхрана и да придонесеме за нашето здравје и благосостојба. Определена храна има здравствени или нутритивни придобивки што повеќе ги сакаме или ни се потребни во исхраната. Во Европа може да купиш храна што ги има тие придобивки, знаејќи дека научниците ги проверуваат доказите што ги доставуваат производителите за да ги поддржат тие тврдења.

Лекарите, нутриционистите и диететичарите им даваат соодветни совети на лицата што имаат посебни потреби, поддржани од научно засновани национални насоки за исхрана имајќи ги предвид културните разлики во секоја земја. Што се однесува до лицата чија исхрана не ги обезбедува сите потребни хранливи состојки, со додатоците во исхраната– што, исто така, се предмет на научна процена поради безбедност– може да се заокружи нивната исхрана, но тие треба да се земаат по совет од стручни лица.

Повеќе информации може да најдте на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/food-and-your-health

Темата „ Храната и твоето здравје “ дава разјаснувања во делот на:

  1. Додатоци во исхраната - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/food-supplements
  2. Здравствени тврдења - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/health-claims
  3. Вашите потреби во исхраната - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/your-nutrition-needs

 

Хранара и твоето здравје

 

Ознаки
Категорија