Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Вебинар за софтверска алатка за проценка на ризикот за болеста глутен сензитивна ентеропатија (целијакија) од протеини

06.06.2022
Вебинар за софтверска алатка за проценка на ризикот за болеста глутен сензитивна ентеропатија (целијакија) од протеини

Согласно Упатството на ЕФСА ГМО панелот за алергеност, за да се процени капацитетот на новел протеините во храната и храната за животни за предизвикување на болеста глутен сензитивна ентеропатија (целијакија), треба да се примени пристап за моделирање на пептид HLA-DQ, од случај до случај.

Сепак, до денес таква алатка за моделирање, специјално дизајнирана за целите на проценка на ризикот во моментов не е достапна. Јавно достапна софтверска алатка развиена за такви цели ќе обезбеди поцврста, транспарентна и повторлива проценка на протеините.

За таа цел, Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) развива софтверска алатка со способност да ги идентификува пептидите кои се врзуваат за HLA-DQ2 и/или HLA-DQ8 протеините и да ги предвиди нивните сврзувачки афинитети. За време на вебинарот, ЕФСА ќе ја претстави алатката развиена до овој момент, а оваа активност, исто така, треба да ја олесни фазата на тестирање на алатката во периодот април/мај 2023 година.

Вебинарот е наменет за засегнатите страни на ЕФСА, вклучително апликанти, земји членки на ЕУ, невладини организации, научната заедница, истражувачки групи или кое било лице од јавноста заинтересирано да ги разбере методите што се користат за проценка на безбедноста на протеините од страна на ЕФСА. За време на вебинарот, учесниците ќе имаат можност да поднесат прашања.

Вебинарот ќе се одржи на 30 јуни 2022 година, од 16.30 до 18.00h, а рокот за регистрација е 28 јуни.

Повеќе информации за настанот и агендата, како и линк за регистрација се достапни на следниот линк:

 

Ознаки
Категорија