Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

4та конференција за проценка на ризик од храна во организација на HAPIH

26.05.2022
4та конференција за проценка на ризик од храна во организација на HAPIH

Во пресрет на Светскиот ден за безбедност на храна, Хрватската агенција за земјоделство и храна (HAPIH) организира 4та конференција за проценка на ризици кои потекнуваат од храна која ќе се одржи на 6 и 7 јуни 2022 година на Факултетот за агробиотехнички науки во Осјек, Република Хрватска.

 

 

 

Учеството на конференцијата е без финансиски надомест, а пријавата е достапна во електронска форма на следниот ЛИНК

Конференцијата се организира под покровителство на Министерството за земјоделство и Министерството за здравство на Република Хрватска со поддршка на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO) и Европската агенција за безбедност на храна (EFSA).

На конференцијата ќе бидат опфатени актуелни теми и трендови од областа на безбедност на храната со акцент на проценката на ризик од храна, а во воведниот дел ќе се одржи тркалезна маса: “Ефикасен систем за контрола во служба на заштита на здравјето на потрошувачите”.

Програмата на конференцијата и сите логистички и организациони информации може да се прочитаат на следниот ЛИНК.

Ознаки
Категорија