Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ и црногорската Управа за безбедност на храна ќе потпишат меморандум за соработка

14.02.2022
АХВ и црногорската Управа за безбедност на храна

Официјализирање на соработката и унапредување на активностите меѓу двете институции, на полето на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарството, но и размена на искуства, договорија на денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски и Владимир Џаковиќ, директор на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни прашања на Република Црна Гора, кој ја предводи делегацијата од оваа институција, која денес и утре ќе биде гостин на АХВ. Првиот човек на АХВ ја презентираше организациската поставеност на Агенцијата, состојбата со безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните во Република Северна Македонија. Претставени беа и приоритетните АХВ за наредниот период, акцентирајќи ги полињата на соработка со црногорската Управа, за чија реализација, активностите ќе се интензивираат и унапредуваат по потпишување на меморандумот за соработка, што треба да се случи во најскоро време.

 

 

Стручни лица од Секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, на делегацијата од Црна Гора детално им ја презентираше состојбата со болеста африканска свинска чума во земјава и мерките кои досега се преземани со цел спречување на нејзино ширење, ставање под контрола и прогласување на државава за слободна од оваа болест, за што од нивна страна беше покажан исклучително голем интерес. Како што истакнаа тие и Република Црна Гора вложува напори и презема мерки за спречување на појава на оваа болест која е присутна во соседните земји и која претставува сериозна закана за регионот, заради што, како што беше заклучено на состанокот, неопходна е интензивна соработка и размена на искуства на надлежните ветеринарни служби. 
 

 

 

 

 

Ознаки
Категорија