
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски денес се сретна со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. На средбата присуствуваа и заменик директорот на АХВ Бесник Елези и првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски.
На средбата директорот Бабовски го информира министерот за актуелната состојба со болеста африканска чума кај свињите, за преземените мерки и мерките кои треба да се преземат за заштита на животните и справување со болеста во идниот период. Се разговараше и за нови мерки за дополнително субвенционирање на земјоделските стопанства кои применуваат повисока категорија на безбедно производство.

Во периодот 2017-2019, како што истакна министерот Николовски, во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство се изработија законите за нус-производи од животинско потекло, за идентификација и регистрација на животните, за заштита и благосостојба на животните, за донирање на вишокот на храна. Се воведоа нови програми за високо ниво на безбедност на храната, здравствена заштита и благосостојба на животните, а Европската комисија ја рангираше АХВ за најдобра институција во регионот во областа на безбедност на храна и ветеринарство. Безбeдноста на храната и благосoстојбата на животните, заклучи Николовски, останува наш приоритет.
