
Секојдневно се вршат испитувањата во маркетите, пиљарите, се врши редовна контрола и никогаш не бил бројот на мострите земен да повеќе од десет мостри имаат некави минимални количини на резидуи кои не се опасни по здравјето на луѓето. Се контролираат и магацините за чување на овошјето и зеленчукот, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети.

Прометот со овошје и зеленчук дополнително се контролира во рамки на инспекциските контроли на мешовитите продавници, кои вклучуваат и трговија со овошје и зеленчук и преработки од нив.Така што одговорно тврдам дека се она што е во нормална продажба е здраво и нема потреба граѓаните да се грижат, дали внесуваат, како што напиша еден портал, отрови дома. Тоа е далеку од вистината.
-изјави во гостување на емисијата Утрински брифинг Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.