Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ: Да се вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел

10.05.2020
Агенција за храна и ветеринарство

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на живина на целата територија на државава да ја исполнат законската обврска и согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, да се обратат до најблиското ветеринарно друштво и да ја вакцинираат живината и гулабите против болеста Њукастел. 

Болеста не е зооноза, односно од неа човекот не може да заболи, но, е високосмртоносна за живината и предизвикува големи економски штети во живинарството. 

Вирусот на оваа болест беше лабораториски  потврден во почетокот на месец април во одгледувалиште за бројлери во скопската општина Гази Баба, по што Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за спроведување на сет безбедносни мерки за спречување на ширењето на болеста. Заради заштита од евентуално ширење на вирусот преку месото, од пазарот повлечени и уништени беа количните месо кои пред детектирањето на болеста биле дистрибуирани во продажба.
 

Ознаки
Категорија