Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

АХВ со препораки како да се однесуваат вработените во производствените капацитети за храна

31.03.2020
АХВ со препораки  како да се однесуваат вработените во производствените капацитети за храна

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и до операторите со храна, до членките на Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори и Стоанската комора на северозападна Македонија испрати Препораки за однесување на вработените во производствените капацитети за храна. 

На компаниите кои вршат дејност производство на прехранбени производи, со оглед на актуелната соостојба во земјава со вирусот КОВИД 19, Агенцијата за храна и ветеринарство им препорачува производствениот процес да го организираат водејќи сметка во погоните каде непосредно се врши производство, да се внимава и да се држи растојание меѓу вработените од 1,5 до 2 метри. Во кланиците за колење на јагне, растојанието треба да биде согласно работните места превидени по технолошката шема на работниот процес, по должина  на технолошката линија на производство.

Вработените задолжително треба да носат заштитна маска и истата да ја менуваат почесто, на 2-4 часа и секогаш во случај на нејзино оштетување, или загадување, со крв или друга нечистотија. Ракавиците почесто да се менуваат, секогаш кога се оштетни, по пауза во текот на работењето, а да се мијат во текот на работата. Пред ставањето на ракавиците, рацете треба добро да се измијат и дезинфицираат, а исто така и по нивното вадење.

Лицата задолжени за обезбедување на објектот, возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи исто така треба да носат лична заштитна опрема.

Во производствениот објект, пред влезот во работните простории, задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на раце и обувки. На работните места кои се предвидени по технолошката шема на работниот процес, секогаш треба да има топла вода, средство за миење на рацете и функционални стерилизатори за ножеви. 

Да се врши почесто проветрување на работните простории, односно, повеќе пати во текот на денот, доколку е тоа можно, преку природна или вештачка вентилација. Редовно да се спроведуваат Добрите производствени и Добрите хигиенски пракси (ДПП/ДХП) базирани на HACCP принципите.

Во работното време, од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за одржување на повисоко ниво на лична и општа хигиена (често миење на рацете, приборот и опремата за работа). За време на паузите, вработените да не се групираат и да внимават и одржуваат меѓусебно растојание од минимум 1,5 до 2 метри. 

Да се избегнува меѓусебен контакт на вработените лица од погоните во текот на работниот процес, особено со административните службеници.Во случај на потреба од администартивна работа потпишувањето на хартиените докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштита маска и ракавици). 

Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон, или по пат на електронска комуникација.

По завршување на работниот процес да се спроведе темелно механичко чистење и дезинфекција на сите простории во објектот. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и да се пријави до надлежниот Центар за јавно здравје.
 

Ознаки
Категорија