![Jавен повик за експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарна и фитосанитарна политика, за учество во националните платформи](/sites/default/files/styles/large/public/2020-02/ahv-panel-fva-slide_1.jpg?itok=e4dlgs8i)
Во постапките на процена на ризик Агенцијата може да користи стручна помош од експерти од областите на безбедноста на храната, храната за животни и ветеринарно и фитосанитарна политика.
Во согласно со член 120 од Законот за безбедност на храна и Одлуката за формирање на Националниот совет, Агенцијата за храна и ветеринарство објавува Јавен повик за експерти.
![страна 1](/sites/default/files/inline-images/200224-javen-povik-1_0.jpg)
![страна 2](/sites/default/files/inline-images/200224-javen-povik-2.jpg)
Во прилог на Јавниот повик е “Правилникот за формата и содржината на барањето за вклучување на експерти во листата на Националната платформа, поблиските критериуми за избор и висината на надоместок за работа на учесниците во Националната платформа“ во кој е Барањето за вклучување на експерти во листата на Националната Платформа.
Рокот за доставување на апликациите од експертите е 30 дена од денот на објавувањето. Пополнетото и потпишано Барање, заедно со потребните документи посочени во Јавниот повик и во правилникот „Правилник за формата и содржината на барањето за вклучување на експерти во листата на Националната платформа, поблиските критериуми за избор и висината на надоместок за работа на учесниците во Националната платформа“, да се достават во архивата на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, потребните документи може да се достават и во скенирана форма по електронски пат на електронските адреси: