
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на 20.09.2019 година во Гевгелија, спроведоа вонредна контрола кај 5 оператори со храна – 4 маркети и 1 месарница.
Поради констатирани недоследности (затекнати производи без означување, препакување на производи во маркет без одобрение за таква активност, неизвршени здравствени прегледи на вработените и друго), од страна на инспекциските служби донесени се 4 решенија за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 4 прекршочни мерки за плаќање на парични казни.
Како небезбедни, поништени се 73,5килограми храна од животинско потекло.
Категорија