![Децата од градинката „Чекорче“ учеа за одговорно сопствеништво](/sites/default/files/styles/large/public/2019-09/190924-deca-gradinka-cekorce-odgovorno-sopstvenistvo-1.jpg?itok=Zwn3L9hx)
Стотина дечиња од три групи од детската градинка „Чекорче” во скопската населба Аеродром, денес беа дел од едукативниот настан на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за промоција на одговорното сопствеништво, која се реализира во рамки на активностите за одбележување на 28 септември, Светски ден на борба против беснило.
![Децата од градинката „Чекорче“ учеа за одговорно сопствеништво 2](/sites/default/files/inline-images/190924-deca-gradinka-cekorce-odgovorno-sopstvenistvo-2.jpg)
Универзитетскиот професор по ветеринарна медицина Пламен Тројачанец од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје на децата им ги објасни основите на одговорно сопствеништво и како да се грижат на милениците и бездомните животни.
![Децата од градинката „Чекорче“ учеа за одговорно сопствеништво](/sites/default/files/inline-images/190924-deca-gradinka-cekorce-odgovorno-sopstvenistvo-3.jpg)
Акцент беше ставен и на исхраната и хигиената на животните, а поделени беа и боенки, брошури и друг едукативен материјал, преку кој дечињата на сликовит ќе се едуцираат за тоа што значи да се биде совесен граѓанин и одговорен сопственик на домашен миленик и какви обврски имаат сопствениците на миленици.