Согласно Законот за безбедност на храна (“Службен Весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15, 213/15, 39/16 64/18 и 209/23), изработени се правилници за потребите на Агенцијата за храна и ветеринарство со цел регулирање на активностите на лабораториите во делот на безбедност на храна и ветеринарно здравство.
- Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат лабораториите кои вршат лабораториски испитувања
- Правилник за формата и содржината на регистарот на лаборатории, начинот на неговото водење, како и формата и содржината на барањето за упис во регистарот на лаборатории
Правилниците се изработени во нефинална форма и после неколку коресподенции со Секретаријат за законодавство, сакаме да добиеме мислења од јавноста во врска со правилниците.
Со ставање на правилниците на веб страната на Агенцијата, ќе може и пошироката јавност да имаат пристап и да можат да се остави свое мислење, предлог, сугестија или дополна која би била законски издржана.
Ве молиме Вашето мислење во врска со овие правилници да ни го испратите на официјалната адреса на Агенцијата за храна и ветеринарство info@fva.gov.mk до 14.04.2025 година (понеделник).