Етичкото работење е добро работење на сите поединци и институции во општеството, кога менаџерот или работникот доаѓа во ситуација или е пред предизвикот да ги тестира своето лино однесување, верување или примена на стандарди во работењето.
Целта на овој етички кодекс, кој ги дефинира вредностите и стандардите за однесувањето на вработените на работно место, е прецизно да се утврдат стандардите за квалитет и правилата за коректно однесување на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија.
Креирањето на корпоративна и организациска култура во секојдневното работење на вработените во Агенцијата е во насока на поголема ефикасност и ефективност во работата со цел да бидат задоволени потребите и очекувањата на бизнис операторите и на граѓаните, кои се корисници на услуги на Агенцијата.
Вработените во Агенцијата се должни да се однесуваат на начин кој придонесува за зачувување и охрабрување на довербата од јавноста (како од надворешната јавност, така и довербата помеѓу колегите) со професионален интегритет, непристрасност и ефикасност на институцијата.
В.Д. Директор,
Д-р Оливер Миланов