Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

ФАО издаде нов прирачник за Африканска свинска чума

17.04.2019

Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) издаде нов прирачник за здравјето на животните: Африканска свинска чума: откривање и дијагноза – Прирачник за ветеринарите, достапен и на македонски јазик и албански јазик. Целта на овој прирачник е на ветеринарните техничари и лабораториските дијагностичари да им ги обезбеди потребите информации за брзо дијагностицирање и реагирање при епидемија или случај на Африканска свинска чума.

Реакција: Нема непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциските контроли на гарничните премини

17.04.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство ги демантира изнесените наводи во медиумите за непотребни задржувања на превозниците при вршење на инспекциски контроли на граничните премини Ќафасан и Табановце. Согласно законските одредби, при извоз на храна од животинско потекло, официјалните ветеринари не вршат контроли на граничните премини, туку на местото на утовар на пратката за што издаваат и сертификат. 

Одржан четвртиот состанок на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни

12.04.2019

Зајакнување на контролите на материјалите кои доаѓаат во контакт со храната, особено на пластичните и креирање на кампањи за подигнување на јавната свест за постоење на можна опасност од миграција на штетни материи од материјалите кои доаѓаат во контакт со храната во самата храна, планира во иднина да реализира Агенцијата за храна и ветеринарство како дел од активностите за контрола на безбедноста на храната и заштита на здравјето на потрошувачите.

АХВ го затвори стационарот Вардариште на 30 дена

06.04.2019

Поради појава на заразни заболувања кај бездомните животни и непостапување по дел од утврдените пропусти во работењето констатирани со извршената контрола на 19 март годинава, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изрекоа мерка за затворање на стационарот “Вардариште” со кое стопанисува јавното комунално претпријатие “Комунална хигиена” - Скопје. На сила е и изречена забрана за заловување на бездомни кучиња во рок од 30 дена.

Почна пролетното вакцинирање на лисиците против беснило

05.04.2019

Со авионско фрлање на вакцинални мамки почна пролетната кампања на Агенцијата за храна и ветеринарство за вакцинација на лисиците против беснило која ќе се реализира со финансиска поддршка од Европската унија. На целата територија на Република Северна Македонија, со исклучок на населените места, водените површини и високите планински врвови ќе бидат фрлени 500 илјади вакцинални мамки. Апелираме д граѓаните да внимаваат при движењето во природа и доколку најдат мамка никако да не ја допираат. Мамките се со кафена боја и наликуваат на чоколадни коцки.

Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на болеста на чвореста кожа на Балканот

02.04.2019

Европската агенција за безбедност на храна го објави својот годишен извештај за статусот на Болеста на чвореста кожа на територијата на земјите од југоисточна Европа. Согласно најновите наоди, во извештајот се потврдува дека во југоисточна Европа нема појава на нови жаришта на оваа болест во текот на 2018 година. Бројот на појавени жаришта во 2017 година драстично е намален на 385 во споредба со идентификуваните 7,483 жаришта во 2016 година.

АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици

01.04.2019

Како дел од активностите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, утре во Скопје доаѓаат претставници од британското Кралско здружение за заштита на животни од суровост (RSPCA). Тие, заедно со претставници од Секоторот за благосостојба на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ќе го посетат новоотвореното прифатилиште „Лајка“. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта на посетата и соработката е „Лајка“ да се преадаптира во современ објект за прифаќање на кучињата-скитници со соодветни, подобри услови за згрижување.

Во Лозово ќе се гради кафилерија, мршите веќе нема да завршуваат на депонии

29.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува изградба на кафилерија. Фабриката во која ќе се преработуваат нус-производите од животинско потекло, ќе биде лоцирана во Општина Лозово и се очекува да профункционира во 2021 година. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, средствата, околу 9,5 милиони евра, се веќе обезбедени, а ќе бидат достапни од 2020 година.

Претставници на АХВ дел од објаснувачкиот скрининг на ЕУ за заштита на потрошувачите

29.03.2019

Претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера и денес зедоа учество на објаснувачкиот скрининг за 28 Поглавје - Заштита на потрошувачите и јавно здравје. Преставници од Агецијата преку видео конференција во просториите на СЕП учествуваа на состанокот во делот на темите во кои Агенцијата е партнерска институција односно соработува со релевантните надлежни институции како што се Министерството за економија и Министерството за здравство во делот на заштита на потрошувачите и здравствена заштита на населението.

Ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен за дијагностицирање на бруцелозата

28.03.2019

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денес одржа работен состанок со претседателот на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, Томислав Николовски на кој беше разгледана динамиката на активностите кои ги спроведуваат ветеринарните друштва на терен за реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните.

Во февруари спроведени 4.997 инспекциски контроли

28.03.2019

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во февруари годинава спроведоа вкупно 4.997 контроли, од нив 3.537 редовни, 452 контролни и 1.008 вонредни. За констатираните недоследности со контролите издадени се 364 решенија за нивно отстранување, изречени се 156 мерки едукација на операторите и поднесени се 8 прекршочни пријави.

Атанасов за МИА: Сакаме да ја сведеме бруцелозата на еден процент во одгледувалиштата

26.03.2019

Од вкупно 16.052 во 2008 година, бројот на заболени овци и кози од бруцелоза лани се сведе на само 373. Нашата цел е намалување на вкупниот број заболени грла на еден процент на ниво на одгледувалиште, односно на 0,05 отсто на индивидуално ниво на целата територија на земјава, вели за МИА директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов.

Се усогласуваат санитарните и фитосанитарните сертификати за олеснување на трговијата во рамки на ЦЕФТА

25.03.2019

Во својство на годинешен претседавач со Поткомитетот за земјоделство во рамки на ЦЕФТА, денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, го отвори Третиот состанок на ад хок екпертстката група за електронска размена на податоци во областа на земјоделството, санитарните и фитосанитарните мерки.

“Биди неговиот херој” во Радовиш

22.03.2019

Две паралелки третоодделенци од основното училиште Никола Карев од Радовиш беа дел од втората едукативна работилница за одговорно сопствеништво “Биди неговиот херој”, која Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје партнерски ја реализираат во рамки на четвртата фаза од регионалната кампања на Светската организација за задравствена заштита на животните – ОИЕ. Преку едукативен материјал кој Агенцијата го подготви во рамки на оваа кампања, на дечињата им беше објаснето што значи да се биде одговорен сопственик, како да се заштитат милениците и безд

Продолжен рокот за бесплатно микрочипирање на домашните миленици

20.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство го продолжи рокот за реализација на акцијата за бесплатно микрочипирање на домашните миленици и наменсто на 31 март како што беше најавено, оваа активност ќе заврши на 31 декември годинава. За таа цел набавени бесплатни 100 илјади микрочипови.

Презентирани новите стандарди за квалитет на меленото месо, подготовките и производите од месо

18.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство им излезе во пресрет на операторите со храна преработувачи со месо и донесе нов подзаконски акт – Правилник за барањата во однос на квалитетот на меленото месо, подготовки од месо и производи од месо.

АХВ дел од првиот ветеринарно - медицински конгрес

15.03.2019

Во организација на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија и Бугарскиот ветеринарен сојуз, денес и утре во Струмица се одржува првиот меѓународен ветеринарно -медицински конгрес на кој учествуваат високи претставници од македонските и бугарските ветеринарни власти и еминентни професори од двете земји. На конгресот ќе бидат разменети сознанија и искуства од областа на ветеринарната медицина со акцент на најновите научни достигнувања во справувањето со зоонозите.

Демант:АХВ вработува и работи исклучиво по високо професионални стандарди

15.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите во денешното соопштение на политичката партија Алијанса на Албанците, во кое тенденциозно, водени од политиканство, со цел собирање на ситни политички поени во пресрет на претстојните претседателски избори, неосновано ја обвинува Агенцијата за како што се истакнува во соопштението, континуирано дискриминирање на Албанците.

Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство

15.03.2019

Претставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.